02:41 - 11 ноември, 2026

Мелина отворено за деталите од бракот со Харис Џиновиќ: „Не сум јас виновна, тој е!“

Познатиот естраден пар, пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина Џиновиќ, по 22 години брак решија да се разведат. Во бракот ги добија синот Кан и ќерката Џина која е многу активна на социјалните мрежи.

Модната креаторка во една прилика откри дека се строги родители, но дека Харис е построг од неа.

– Не и дозволува на ќерката да носи градник. Не сум јас виновна за тоа, туку Харис. Сака ќерка му да остане дете што подолго, па немаме шминка, градници и слично. Малку ми е жал, но ми се чини дека првото свое излегување ќе го дочека дури на 20 години – изјави своевремео Мелина за српски „Блиц“.

– Харис многу е загрижен за Џина, бидејќи сè за него стигнува до медиумите, најмногу преку Инстаграмот на Џина. Тој веќе ја предупреди да избрише некои објави и таа вети дека ќе биде повнимателна, но безуспешно е. Оттогаш медиумите се повеќе пишуваат за неа бидејќи е во врска со млад фудбалер кој настапува за Звезда, па на Харис му е јасно дека дури сега уште повеќе ќе се бруи во медиумите. На Мелина ѝ е најлошо во целата приказна, ја брани својата ќерка и вели дека сите млади имаат Инстаграм и дека не е виновна Џина, бидејќи не можела да избере дали нејзиниот татко ќе биде славен, па дека затоа ќе биде интересна за медиумите. А Харис бара од Џина да ги сведе објавите на минимум – изјави извор за „Скандал“.

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....