16.8 C
Скопје
12:39 - 3 март, 2026

Меган Маркл на „моминска“ забава пред роденденот, без Хари: Еве како се забавувале девојките

Пред нејзиниот 42-ри роденден, Меган Маркл ја одбележала приликата гледајќи го филмот „Барби“ заедно со нејзината најблиска пријателка Портија Де Роси и уште неколку блиски пријателки.

Тие уживале во филмскиот хит инспириран од феминизмот во кој глуми Марго Роби во кино-салата во Санта Барбара вечерта пред самиот роденден. Во меѓувреме, според Пејџ сикс, нејзиниот сопруг принцот Хари останал да с грижи за двете деца на нивниот раскошен имот од 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија.

Поранешната ѕвезда на „Suits“ по гледањето на филмот Барби, ја продолжила веселбата собирајќи уште повеќе пријателки во луксузниот хотел Сан Исидро Ранч во Санта Барбара во понеделникот вечерта.

Извори за Пејџ сикс открија дека Меган првела „моминска“ забава на која присуствувале само жени. И токму на забавата, на соседната маса се случувала мала свадба.

„Меган отиде да ѝ посака среќа на невестата“, изјави извор за Пејџ сикс.

Следниот ден, Меган и Хари заедно го прославија роденденот во луксузен ресторан. Двојката беше забележана како вечера во „Тре Луне“ во Монтесито, каде често се среќаваат познати личности.

Интересно е што кралското семејство воопшто не се огласи на роденденот на Меган и од Лондон не пристигна никаква честитка, како што беше парктика во изминатите години.

 

Слични објави

(Фото) „Носам исти гаќи седум дена“: Дарко и Катарина Лазиќ се заробени на Малдивите, пејачот мора рачно да пере алишта

Еспресо

Катарина Грујиќ мирот го пронајде во светилиштата на Косово и Метохија: „Постот е благослов“

Еспресо

Ново огласување на Јелена Томашевиќ: Ја откри својата дијагноза и како се чувствува

Еспресо

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

Дневен хороскоп за 3 март: Не донесувајте избрзани одлуки

apostolova

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.
Се вчитува....