2.8 C
Скопје
11:12 - 14 јануари, 2025

Масимо го одржа својот последен концерт со дрен во белите дробови, го нарече животен: „Докторе, со или без Вас, ќе го одржам овој концерт“

Веста за смртта на Масимо Савиќ вчера го шокираше регионот. Тој беше миленик на огромна публика,  а многу негови колеги и пријатели се уште се збогуваат со овој врвен пејач и музичар.

Масимо почина на 61-годишна возраст од рак на белите дробови.

Романо Болковиќ, хрватски новинар и водител, му посвети статус на Фејсбук на Масимо и откри неколку непознати детали.

– Приказната треба да започне од одамна ако почнам да ја раскажувам од почеток, па ќе ја раскажам накратко, и од крајот.

Пред неколку недели имав гостин, исклучителен човек, голем стручњак, лекар. Зборувавме во слободен контекст за различни нешта, за Бог и за светот, и некако разговорот не доведе до Масимо.

Да, овој мој гостин се занимава со онкологија. Реков дека ќе раскажам од крајот.

И така, уште на почетокот на приказната знаев дека е крајот, и не верував, бидејќи немав поим, но приказната допрва почнува, токму таму, на крајот – пишува Болковиќ.

Потсетува на неодамнешниот концерт на Савиќ во Загребската Арена.

– На тој мој гостин, а негов доктор, му кажал дека тоа е негов животен концерт. Човекот му одговорил дека не е можно да го одржи, дека тој животен концерт ќе му го загрози животот.

Масимо мирно му рекол дека токму затоа дошол да побара од тој мој гостин, исклучителен човек, лекар, да биде зад сцентата заедно со неговиот медицински тим. Па, ако нешто тргне наопаку, да се најдат.

Докторот го гледал неколку мигови и не му се верувало што Масимо му предлага, но пред билошто да одговори, Масимо му рекол:

– Докторе, со Вас или без Вас, јас тој концерт ќе го одржам. Зашто тоа е мојот животен концерт, ви повторувам.

Масимо знаел дека таа приказна тука почнува зашто завршува – пишува Болковиќ. Така, медицинска екипа била зад сцената. А Масимо го отпеал својот животен концерт со дрен во белите дробови.

– Мене тоа силно ме погоди кога го слушнав, таа вечер, таа приказна, тој детаљ, и сега кога светлата се угасија, кога салата е празна, некако помалку ме боли отколку таа вечер кога дознав дека тоа е крај на приказната, а дека нејзиниот главен јунак е толкав херој. Не можам ни да замислам, ниту имам право на тоа, што на Масимо би можело таа ноќ да му поминува низ глава додека го пеел својот животен концерт. Можам да кажам дека среде драмата на својот живот, ставајќи го на коцка поради она што морал да го работи, Масимо сигирно пееше како што во танцот игра самиот танц, не танчерот, растворајќи се во тие песни со кои се простуваше од нас.

Слични објави

(Фото) Жарко Димоски во секси форма: Актерот ужива на Малдивите со сопругата и синот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Харис Џиновиќ изгледа како авион: Џина покажа што јаде и како ја одржува совршената фигура

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ отпатува за Америка! Драган ја испрати на аеродром, а една работа не испуштала од рацете

Еспресо

Хороскоп за 14 јануари: Водолиите ќе добијат добри вести, Рибите ќе се најдат во ќорсокак, а вие?

Еспресо

Јована Јеремиќ има големи планови за ќерка си: „Од мене ќе добие два стана во Белград, еден од татко ѝ, а друг од тетка ѝ“

Еспресо

(Фото) Милош Биковиќ има повод за славење! Актерот за својот 37. роденден објави неодолива фотографија, а на честитките им немаше крај

Еспресо
Се вчитува....