16:09 - 3 април, 2026

Марија Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Српската пејачка Марија Микиќ официјално се разведе од Јован Пантиќ, со кого има две деца. Пејачката ги потпиша документите, а во таа прилика разговараше со „Блиц“ и истакна дека за неа тоа е крајот на приказната.

– Во врска со тоа, не би коментирала понатаму. Тоа е крајот на приказната за мене. Не сакам да се враќам во минатото, тоа е тоа – кратко изјави Марија Микиќ за српски „Блиц“.

Да потсетиме, Марија Микиќ му стави крај на бракот со Јован Пантелиќ, со кого има две деца, а неодамна за првпат се отвори за разводот и ги откри деталите од нивниот однос.

Имено, Марија тогаш нагласила дека и нејзе и на нејзиниот поранешен сопруг децата им се на прво место и дека поради нив останале во коректни односи, и дека разделбата не е лесна, но дека со тек на времето сè ќе помине.

– Никој не влегол во брак за да се разведе. Сфатете во моментот дека светлината во тунелот се гледа различно, разберете дека секој оди по различен пат… Ова е најдобро за нас, но и првенствено за нашите деца, а тие се најважни. Разводот не се случува преку ноќ, жените и мажите се разведуваат различно. Убедена сум во тоа. За да се разведе, жената мора да склопи неколку коцки во главата. Секако дека е тешко, но ќе се чувствувате подобро потоа – рече Марија на ТВ Адрија.

Таа откри и дека побарала стручна помош за да се справи со целата ситуација.

– Не сакам да зборувам за таа тема бидејќи имаме две деца, ние сме родители. Најважно е што сме добро и дека се одлични. Само што мама и тато не можеа повеќе и тоа е тоа. Децата се многу мали, но заедно ќе се обидеме да се погрижиме да го разберат тоа на правилен начин. Стручната помош е секогаш добредојдена, психотерапевт ми помогнал многупати. Сакам да им апелирам на младите луѓе дека тоа е сосема во ред и дека не е срамота. Треба да го пронајдете вистинскиот психотерапевт и да разговарате. Еднаш или двапати неделно мислам дека на секого му е потребно тоа и во добри и во лоши ситуации.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....