02:09 - 5 април, 2026

Марија Шерифовиќ откри во каков однос е со сурогат мајката на нејзиниот син: Што се случувало пред породувањето

Марија Шерифовиќ неодамна објави дека добила син со помош на сурогат мајка во Лос Анџелес. Пејачката добила син на кој му го даде името Марио.

Марија потпишала договор со кој се гарантира тајноста на податоците, па затоа не смее јавно да открива кој е татко на детето, ниту пак која е сурогат мајката која го донела нејзиниот син на свет. Сепак, Марија признава каков однос имала со сурогат мајката. Двете биле многу блиски, а Марија со неа одела на прегледи пред породувањето и била со неа за време на бременоста.

„Тоа е жена која ми помогна да се исполни мојата најголема животна желба. Имавме најблизок можен однос, се слушавме секојдневно, заедно минувавме низ сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи“, вели Марија и открива како дошло до тоа да се одлучи за сурогат мајчинство.

„Пред да се одлучам за сурогат мајчинство повеќе пати се обидов да останам бремена, но не успеав во тоа, на моја голема жалост. Навистина не сакам да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството конечно беше мојот единствен избор“, раскажа пејачката за српски „Блиц“.

Марија со мајка си, Верица

Марија на почеток на ноември отиде во Лос Анџелес заедно со мајка ѝ Верица, за во последните денови од бременоста да биде со сурогат мајката.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....