11:25 - 31 март, 2026

Манекенката Криси Тајген искрена за абортусот што го преживеала: „Беше јасно дека бебето нема да преживее, а нема ни јас“

Славната манекенката Криси Тајген (36) пред две години ја сподели веста со своите фанови дека го изгубила своето бебе во 20-та недела од бременоста поради компликации. Но, сега таа открива дека всушност станува збор за индуциран абортус.

Криси и нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд (43), тогаш им кажале на следбениците на социјалните мрежи дека Криси „имала компликации со бременоста и дека така дошло до спонтан абортус“, но сега манекенката открива дека всушност тоа било намерно прекинување на бременоста.

– Пред две години, кога бев бремена со Џек, морав да донесам низа тешки одлуки кои ми го кршат срцето. На половина пат стана јасно дека Џек нема да преживее, а не би преживеала ниту јас доколку не се направи медицинска интервенција – изјавила манекенката за загубата на синот кој го добил името Џек, пренесува си-ен-ен.

– Да го именуваме тоа со вистинското име, тоа беше индуциран абортус. Абортусот да ми го спаси животот затоа што бебето немаше апсолутно никакви шанси, понатаму објаснува таа.

инстаграм

Неколку недели по абортусот, Криси објасни дека нејзиното крварење се влошило и отишла во болница, каде што лекарите пробале на секаков начин да го спасат бебето, со големи дози трансфузија на крв, но сепак, било безуспешно.

– По неколку ноќи поминати во болница, докторот ми го кажа точно она што знаев дека слеува – време е да се збогуваме – искрена е Тајген.

инстаграм

Тајген и Леџенд се во брак од 2013 година и ги имаат ќерката Луна (6) и синот Мајлс (4). Неодамна објавија дека чекаат трето дете.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....