4.8 C
Скопје
21:35 - 11 март, 2026

Мајката на Шенен Доерти ја прекина тишината, за првпат по смртта на нејзината ќерка: Невозможно е да се прочита без солзи

Шенон Доерти глумеше во 60 филмови, но нејзините највпечатливи улоги беа во ТВ сериите Волшебнички (Charmed) и „Беверли Хилс 90210“. Роднините на актерката тешко ја поднесуваат нејзината смрт, но најтешко е да се помири со загубата нејзината мајка Роуз Доерти.

Роуз се грижеше за својата ќерка за време на нејзината болест. Шанен беше мажена, но нејзиниот сопруг, штом беше објавена страшната дијагноза, ѝ го заврти грбот, односно си најде нова партнерка. Доерти дознала за неверството на сопругот токму за време на хемотерапијата. Затоа, мајката на глумицата ѝ беше единствената најголема поддршка, асистентка во борбата против фаталната болест.

„Таа е мојата убава девојка и моето срце. Нашето семејство сака да им се заблагодари на сите што и покажаа љубов и поддршка на нашата Шанен во текот на нејзиниот живот. Навистина сме благодарни“, изјави Роуз Доерти, пренесува „Пипл“ (People).

Роуз додаде дека за семејството, периодот на лекување на Шанен бил „најтешкото време“, а да се помири со смртта на некој близок е уште потешко.

Потсетуваме, на актерката во 2020 година ѝ бил дијагностициран рак на дојка, а по долготраен третман беше во ремисија. Во 2023 година, болеста се врати, лекарите открија метастази во мозокот. Доерти почина на 13 јули.

Слични објави

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо
Се вчитува....