11.8 C
Скопје
20:39 - 3 април, 2026

Мајката на Пике на средба со Шакира: „Jа бранеше девојката на синот, па стана малку тензично“

Врската помеѓу фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира заврши пред неколку месеци, а тој летово се појави со својата нова 23-годишна девојка Клара Киа Марти. Интересно е тоа што Шакира неодамна се сретна со мајката на Пике, Монсерат Бернабеу. Како што пренесува шпанскиот магазин „Marca“, таа на пејачката ѝ раскажала за што разговарала со нејзиниот син – наводно му рекла дека направил грешка што раскинал со мајката на неговите деца.

Според папарацото Џорди Мартин, Шакира и Монсерат срдечно се прегрнале и се поздравиле, но разговорот станал тензичен откако пејачката се пожалила за однесувањето на Пике и за тоа што пребрзо ја запознал својата нова партнерка со семејството.

–Мајката на Пике ја бранеше девојката на нејзиниот син велејќи дека таа е пристојна и приврзана девојка, па стана малку тензично, откри новинарот.

Неодамна се појавија нови фотографии од парот и се дозна дека фудбалерот повторно го прекршил договорот со пејачката. Според весникот „Mundo Deportivo“, Жерар и Клара биле снимени со неговите синови како се забавуваат пред куќата н фудбалерот.

-Тоа е куќата во која Шакира ја гледавме често со Пике, но сега Клара ужива во неа и е среќна со фудбалерот и неговите деца, напиша тој.

Да потсетиме, Пике наводно ја остави колумбиската пејачка за 12 години помладата студентка, по 11 години поминати заедно и две деца. Многумина ја нарекуваат студентката двојничка на Шакира, а нивната афера наводно почнала додека фудбалерот бил официјално „зафатен“.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....