01:10 - 27 јуни, 2026

Мајката на Бритни Спирс се огласи по обвинувањата од ќерка си: Еве што ѝ одговори

Мајката на Бритни Спирс јавно одговори на обвинувањата дека му помагала на нејзиниот татко

Мајката на Бритни Спирс, Лин, одговори на обвинувањата дека не се обидела да ѝ помогне на својата ќерка, пренесува „Лос Анџелес Тајмс“.

Завчера, Бритни Спирс објави 20-минутна аудио порака на Јутјуб во која искрено зборува за тоа како нејзините 13 години поминале под присилното старателство на нејзиниот татко. По некое време, пејачката реши да го избриши аудиото.

„Додека се случуваше сиот овој хорор, мајка ми само гледаше. Сите тие буквално се обидуваа да ме убијат“, изјави во аудиото Спирс.

Пејачката нагласи дека мајката само му помагала на татко ѝ и не се трудела да ѝ помогне (на Бритни).

Мајката на пејачката, Лин Спирс, веднаш одговори на обвинувањата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lynne Spears (@lynnespears_rf)

„Бритни, направив се за да те поддржам тебе, твоите соништа и желби. Се обидов да ти помогнам да се справиш со сите тешкотии. Никогаш не сум ти свртела грб и никогаш нема!“ напиша мајката.

Ова не е прва конверзација на мајката и ќерката преку социјалните мрежи. На крајот на јуни, Лин ѝ се обрати на Бритни по низа обвинувања дека е отвфрлена од семејството.

Тогаш Лин ѝ напиша на ќерка си.

„Ме боли за тебе што чувствуваш дека луѓето што те сакаат најмногу те изневеруваат! Дозволете ми да дојдам кај тебе! Те сакам!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lynne Spears (@lynnespears_rf)

Слични објави

(Фото) Насмевка – Лозано сподели преубав семеен момент со синот Марко

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ ја отвори летната сезона – пејачката позираше во бикини покрај плажа

Еспресо

(Фото) Се огласи Каспер по целата драма со Мина Костиќ – ги изненади сите со емотивна порака

Еспресо

(Фото) Wood Room ја враќа природата во домот – изберете квалитетни маси што ќе ви го облагородат просторот

Еспресо

„Бев бремена и ми помогна да се спуштам од планина“: Сара Мејс неутешна по загубата на миленикот

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ го посети Острог – бремената водителка во розов фустан блеска од среќа

Еспресо
Се вчитува....