7.8 C
Скопје
23:23 - 30 март, 2026

Мајката на Бен Афлек покажа колку ја сака неговата поранешна сопруга: „Не може да ја смисли Џенифер Лопез“

Крис Болд не крие дека има најтопли чувства кон поранешната снаа. Судејќи по папарацо фотографиите, и Џенифер Гарнер ја почитува поранешната свекрва.

51-годишниот актер Бен Афлек е забележан на прошетка со неговата поранешна сопруга, 52-годишната Џенифер Гарнер и неговата мајка Крис Болд. Тројката е видена во Лос Анџелес на последниот училишен ден за синот на поранешните сопружници, Семјуел. И покрај проблемите во бракот со Џенифер Лопез, Афлек сепак се смешка, но неговата мајка покажуваше најтопли чувства кон Гарнер, пишува Дејли меил.

На сликите кои ги објавија папараците, Крис може да се види како се смешка додека разговара со Џенифер, а во одреден момент дури и ја гушка. Во исто време, вреди да се напомене дека во друштво на Џенифер Лопез, Крис се држи на дистанца и практично не комуницира со новата снаа. Според извори блиски до холивудската ѕвезда, неговата мајка „не може да ја смисли Џенифер Лопез“.

За оваа прилика Гарнер носеше син џемпер со патент, темносини хеланки, чорапи и патики. Бен се одлучи за сив кардиган, бордо маица, фармерки и „најк“ патики.

„Длабоко непријатна личност“: ТВ водителка ја критикуваше Џенифер Лопез

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....