16.8 C
Скопје
11:10 - 12 април, 2025

Мајката на Александра Пријовиќ жали што ќерка ѝ не завршила средно училиште: „Многумина ја прозиваат поради тоа, ѝ пречи“

Мајката на Александра Пријовиќ, Борка Михајловиќ изјави за хрватските медиуми дека жали што нејзината ќерка не завршила средно училиште. Сепак, Александра ѝ ветила дека тоа ќе го направи наскоро.

Мајката на Александра, Борка

Борка е инаку пејачка, а со музика се занимавале и нејзината мајка и роднините.

„Мајка ми не прехрануваше со нејзиното пеење. Мама е од село кај Нашице, а тато од Бели Манастир. Пееја и браќата на мајка ми. Мајка ми почина млада, а татко ми после тоа ми беше се на светот. Тој почина пред три години, јас и Александра бевме скршени од болка. Таа беше многу приврзана за нејзиниот дедо. Тој го замени нејзиниот татко“, изјави за медиумите мама Борка.

„Почнав да пеам на 16 години, ми се случи истото како и на Александра. Завршив основно, се запишав во гимназија, поминав први клас, втори, некако и третиот го завршив, и не можев повеќе понатаму. Морав да почнам да работам. Јас не бев одличен ученик, но Александра беше бубалица, многу добар ученик и жал ми е што не заврши средно училиште. Поради тоа многумина ја прозиваат, тоа ѝ пречи, па рече дека кога се ова малку ќе се смири, ќе се запише во тоа училиште и ќе го заврши“, изјави Михајловиќ.

Борка не крие колку е горда на својата ќерка која имаше три последователни концерти во Белград и еден во Ниш, а сега одржува пет настапи во загрепската Арена.

„Знаев дека Александра ќе биде успешна во животот, но дека ќе наполни четири Арени, дека ќе руши концертни рекорди. Се сеќавам кога првпат ми ја донесоа во прегратка, откако ја родив, ја погледнав и реков: „Ти ќе бидеш мојата најголема ѕвезда“. Така и велев секогаш“, се присетува мајката на Пријовиќ.

Слични објави

(Видео) Милијардер потрошил 100.000 евра на Теа Таировиќ! Пејачката со својот жежок танц го „запали“ Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Риби, изразете му љубов на партнерот, Водолии, соработувајте со колегите!

Еспресо

Јована Јеремиќ призна колку е љубоморна во врската: Водителката ги прозва бившите на Драган

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ во многу непријатна ситуација: Катарина отворено призна што ѝ смета кај нејзиниот сопруг

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ купија вила од милион долари: Погледнете го луксузот во кој живеат

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара ужива во луксузен стан од 200.000 евра во Нови Сад! Мебелот вреди цело богатство

Еспресо