16.8 C
Скопје
07:11 - 11 септември, 2026

Маја Николиќ тренира на трамбулина – скока и вреска од среќа

Маја Николиќ не престанува да ја изненадува јавноста, а овој пат реши да покаже како тренира  на трамбулина. Пејачката моментално ужива во Врњачка Бања, а бидејќи нема пристап до теретана, одлучила да се снајде.

За утринско раздвижување ја искористила трамбулината, иако не била соодветно облечена за тренинг. Таа на себе имала краток розов фустан кој го истакнувал нејзиното деколте, а додека скокала, фустанот постојано се подигал.

„Е сега ќе видите како јас тренирам секое утро во Врњачка Бања“, рече Маја на почетокот, па застана на трамбулината.

Потоа почнала да скока и да вреска од среќа, а сето тоа било придружено со нејзината песна „Болесна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Nikolic (@majanikolic_official)

„Не чекам мотивација. Јас ја создавам секое утро“, напиша Маја под видеото на Инстаграм.

Пејачката неодамна откри дека ја пронашла љубовта на својот живот и дека се свршила, а потоа откри и од каков материјал е прстенот со кој ја запросил идниот сопруг. Таа ја изненади јавноста кога зборуваше за свршувачката и љубовните планови.

Нејзиниот избраник не е дел од јавниот живот и не сака медиумски да се експонира. Сепак, таа не ја криеше среќата, па без задршка зборуваше за партнерот.

„Најдов вистински маж. Убав, моќен, висок, успешен, на мои години. Никогаш не сум сакала помлади мажи и тоа нема да се промени. Им се извинувам на младите, но тоа едноставно не е мој избор“, порача Маја.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....