3.8 C
Скопје
22:37 - 11 март, 2026

Мадона сè уште во лоша состојба: „Не може да стане од кревет“

Пејачката Мадона (64) се уште се бори со бактериска инфекција поради која пред неколку дена заврши во болница. Сега е пуштена на домашно лекување, а децата се покрај неа.

Според TMZ, извори блиски до пејачката откриле дека Мадона е „врзана за кревет“ и постојано повраќа. Како што тврди изворот, пејачката во саботата почнала да повраќа, а во еден момент се онесвестила.

Други извори пак, открија за Page Six дека пејачката не реагирала на околината за време на нејзиниот престој во болница и морала да биде интубирана најмалку една ноќ. Причината за нејзината инфекција биле наводно напорните подготовки за турнејата, која на крајот беше одложена поради нејзината лоша здравствена состојба.

Мадона на подготовките работела по 12 часа дневно. TMZ претходно објави дека здравјето на Мадона веќе некое време е загрозено и дека речиси еден месец се бори со треска. Пејачката ги игнорирала сите знаци на болест и не отишла на лекар за целосно да се фокусира на турнејата која требаше да започне на 15 јули.

Дека состојбата на Мадона е сериозна говори и податокот дека набрзо по нејзиното заминување во болница, нејзиниот менаџерски тим имал „кризен состанок“. Сите се согласиле да ја одложат турнејата поради стравувања дека пејачката нема да ја преживее инфекцијата.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....