6.9 C
Скопје
04:12 - 1 април, 2026

Лукашенко најави доопремување на авионите Су-24 за нуклеарно оружје

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека белоруските бомбардери Су-24 биле трансфрмирани за да носат нуклеарно оружје. Ова го пренесува агенцијата Спутник од Белорусија.

Лукашенко рече дека со шефот на руската држава Владимир Путин во Санкт Петербург разговарал за можноста за ваква конверзија на Су-24.

„Сè е подготвено!” рече претседателот.

Белорусија е подготвена соодветно да одговори на заканите на западните земји, додаде Лукашенко.

Путин и Лукашенко се сретнаа во Санкт Петербург на крајот на јуни. Во рамките на разговорот се осврна и на прашањето за испорака на руско оружје на белоруската армија. Претседателот на Русија тогаш најави потреба од модернизирање на белоруските авиони во руските фабрики за авиони за да можат да носат нуклеарно оружје.

Претходно, портпаролот на белоруското МНР Анатолиј Глаз ги коментираше зборовите на украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко, кој му се закануваше на Александар Лукашенко со бесење.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....