19:14 - 11 ноември, 2026

Љубовна приказна од кралските кругови: Бугарскиот принц Мирко ја запроси својата избраничка

Принцот Мирко од Бугарија му е внук на царот Симеон II, последниот бугарски монарх и поранешен премиер на Бугарија. 31-годишниот принц објави дека се свршил со својата долгогодишна партнерка, д-р Марта Ембид.

Веста за свршувачката ја потврди за магазинот „Хелоу!“.

Мирко и Марта се запознале во 2023 година додека таа специјализирала медицина во Мадрид. Денес, Мирко работи како дигестивен хирург во болницата „Витас Артуро Сорија“, додека неговата избраничка е специјализант по анестезиологија и реаниматологија.

Освен што ја делат љубовта кон медицината, Мирко и Марта се и големи љубители на патувањата. На неговите профили на социјалните мрежи можат да се видат фотографии од Панама, Канарските Острови, Андора и други дестинации.

Instagram

Свадбата е планирана за следното лето во Мадрид – градот каде што започнала нивната љубовна приказна.

Во семејството на Мирко медицината е семејна традиција. Неговиот татко, принцот Кубрат, кој е трет син на царот Симеон II, исто така е хирург, специјализиран за колоректална хирургија, а со години работел во Мадрид.

Instagram

Бугарското кралско семејство има силни врски со Шпанија. Сите пет деца на царот Симеон II склучиле брак со Шпанци, а голем дел од семејството живее и работи токму таму.

Иако Бугарија повеќе нема монархија, потомците на царот Симеон II остануваат активни во европските кралски кругови, особено во Шпанија.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....