-1.2 C
Скопје
04:12 - 22 ноември, 2024

Љубовен хороскоп за јули 2022: Интересни средби за Водолиите, многу љубов за Близнаците, двоумење за Рибите…

Во месец јули планетата Венера ќе транзитира прво во знакот на Близнаците, а потоа во знакот на Ракот. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите на љубовен план за месец јули!

Овен: среќен јули но само во првата половина!
Вашиот месец јули ќе биде многу среќен во однос на чувствата, барем во првата половина. Почнувајќи од 18-ти ден, планетата Венера ќе ви го заврти грбот, а она што до неодамна можеби изгледаше како идилична љубов, сега би можело да ги открие своите сенки…

Бик: добро расположени!
Во јули во вашиот знак влегува планетата Марс, подготвена да ви даде убав поттик на енергија! Пријателските и љубовните  односи ќе бидат фаворизирани во првиот дел од месецот, меѓутоа, во последните десет дена од јули може да дојде до некоја поголема тензија или дискусија во семејството. Љубовта ќе биде фаворизирана во втората половина од месецот, што ќе донесе убави емоции.

Близнаци: месец на љубовта!
Драги Близнаци, јули ќе биде месец на љубовта за вашиот знак! Планетата Венера ќе биде со вас до 18-ти ден, подготвена да ви гарантира големи емоции и моменти за паметење. Наклонетоста на Меркур ќе им помогне и на новите средби… сигурно нема да биде досаден месец!

Рак: одлично!
Јули ќе биде многу среќен месец за вашиот знак! Почнувајќи од 5-ти ден, планетата Меркур ќе стигне до Сонцето, подготвена да ви донесе добри вести, интересни средби и можности кои треба да ги фатите во лет. Понатаму, од 18-ти ден Венера ќе блесне и во вашиот знак: втората половина од месецот ќе биде дефинитивно жешка, полна со емоции и чувства.

Лав: Јули за паметење!
Планетата Венера ќе го поддржува вашиот знак во контекст на чувствата до 18-ти ден: нови средби за осамените ќе бидат фаворизирани од ѕвездите, додека старите парови повторно ќе откријат соучесништво и страст. Почнувајќи од 19-ти ден, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак, подготвена да ви даде – заедно со Јупитер – некоја добра вест или нова можност.

Девица: љубовни проблеми …
Јули не започнува најдобро, барем во однос на чувствата: планетата Венера ќе биде во неповолна положба за вашиот знак до 18-ти ден. Од тој датум, сепак, љубовта ќе ви се врати и ќе ви се насмевне. Вие и вашиот партнер ќе успеете да ги надминете конфликтите од последниот период.

Вага: во закрепнување …
Драги Ваги, месецот јули ќе донесе одредено закрепнување, барем од физичка гледна точка: почнувајќи од 5-ти ден, Марс повеќе нема да биде во опозиција и ќе можете да се чувствувате поенергични и помалку под стрес. Првиот дел од месецот ќе биде среќен од гледна точка на чувствата, со убава Венера подготвена да ве поддржи до 18. ден. Од тој датум, сепак, може да настанат конфликти со партнерот.

Скорпија: Марс во опозиција …
Влегувањето на планетата Марс во опозиција со вашиот знак почнувајќи од 5-ти ден ќе ве натера да го почувствувате целиот замор и стрес наталожени во последниот период. За среќа, Меркур ќе го имате на ваша страна во првиот дел од јули, а Венера во вториот подготвена да ве поддржи, ставајќи ве во близина на пријатели и посебни луѓе кои ќе ве разберат и ќе ви бидат блиски.

Стрелец: ќе мора да се справите со противењето на Венера 
Месец јули нема да биде лесен за вашиот знак во однос на чувства. До 18-ти ден, всушност, планетата Венера ќе биде во опозиција: некои парови би можеле да доживеат момент на криза, додека за слободните ќе биде тешко да остварат врски предодредени да траат. За среќа, последните десет дена од месецот ќе бидат помирни.

Јарец: тежок месец …
Јули ќе биде доста тежок за вашиот знак, кој ќе мора да ја издржи спротивставувањето на Сонцето и Меркур и – почнувајќи од 18-ти ден – и она на Венера. Ќе доживеете криза од гледна точка на чувствата, сепак, среќа и нови средби би можеле да дојдат во последните десет дена од месецот.

Водолија: интересни средби
Јули ќе биде прилично мирен од сентиментална гледна точка: до 18-ти можете да сметате на поддршката на Венера, подготвена да ја зацврсти вашата врска или да ви приреди нови интересни средби. Внимание, сепак, на втората половина од месецот: влегувањето на Меркур во опозиција може да доведе до кавги и недоразбирања и на работа и во вашите лични односи.

Риби: двоумење
Јули ќе донесе неколку моменти на криза и премислување: Венера во неповолна положба би можела да ве натера да ја доведете во прашање стабилната врска. Сепак, подобар е вториот дел од месецот, кога планетата на љубовта ќе се врати да ви се насмевне.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....