03:27 - 5 април, 2026

Лиза Мари Присли почива покрај својот татко Елвис – кралот на рокенролот

Починатата американска кантавторка Лиза Мари Присли сега почива крај својот татко Елвис, „кралот“ на рокенролот, на неговиот легендарен имот Грејсленд во американската сојузна држава Тенеси, каде што во неделата стотици обожаватели и пријатели дојдоа на последното проштевање од неа.

Лиза-Мари Присли беше единственото дете на Елвис Присли и неговата сопруга актерката Присила Боле Присли.

Од раните утрински часови се формирале редици за учество на погребот во Мемфис, а многумина носеа цвеќиња и фотографии на музичарката која почина на 12-ти јануари на 54-годишна возраст, набрзо по итната хоспитализација по срцев удар во нејзиниот дом во Калабасас во Калифорнија.

Погребниот обред заврши со процесијата до „Градината на медитацијата“ во Грејсленд, каде се и гробовите на Елвис Присли, на членовите на неговото семејство, а сега и на неговото единствено дете.

На сцената на којашто беше поставена голема фотографија на Лиза Мари Присли, пејачот на Smashing Pumpkins Били Корган, потоа Аланис Морисет и Аксл Роуз, лидерот на Guns N’Roses, се простија од музичарката. Проштално обраќање имаше и британската војвотка од Јорк, Сара Фергусон. Потоа хор изведе духовна песна.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....