16.8 C
Скопје
15:38 - 10 март, 2026

Линдзи Лохан доби совети за бебето од тазе-мајката Парис Хилтон: Порано се „советуваа“ што алкохол да пијат, денес разменуваат совети за пелени

Парис Хилтон, која стана мајка пред еден месец, ѝ даде неколку совети за одгледување деца на својата бремена пријателка Линдзи Лохан.

Вчера, 36-годишната Линдзи Лохан на својот Инстаграм профил сподели вест дека таа и нејзиниот сопруг Бадер Шамас го чекаат своето прво дете. Ѕвездата на Mean Girls објави фотографија од снежно бело боди со зборовите Coming Soon.

„Многу сме возбудени поради претстојното доаѓање на нов член на семејството и со нетрпение го очекуваме следното поглавје од нашите животи!“, напиша актерката на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

Пријателката на Линдзи Лохан Парис Хилтон реагираше на веста за бременоста на Линдзи.

„Многу сум среќна за неа. Прекрасно е да се видат сите мои пријатели како растат и основаат семејства, а мојот совет е само да го впиете секој момент. Тоа е толку драгоцено“, сподели Хилтон.

На 25 јануари Парис Хилтон објави дека таа и нејзиниот сопруг, бизнисменот Картер Реум, добиле син. Ѕвездата објави фотографија на својот Инстаграм профил, на која го држи за рака новороденчето и напиша: „Неможам да искажам колку си веќе сакан овде“. Бебето е родено со помош на сурогат мајка.

Инаку, Парис и Линдзи се стари пријателки, а познати се нивните денови од минатото кога заедно „беснееја“ и се „пијанчеа“ по дискотеките. Сега, очигледно, и двете се смирени и во ист период се посветија на мајчиството.

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin
Се вчитува....