12.8 C
Скопје
18:00 - 3 април, 2026

Лесна заработка: Вака заработуваат младите српски пејачки освен од пеење

Балканската естрада одамна не е само музичка сцена – таа е и голем бизнис. Популарните пејачки од младата генерација се претворени во вистински магнет за компании и брендови, а сумите што ги заработуваат за една реклама на социјалните мрежи достигнуваат неверојатни износи.

Сара Јо одамна ја претвори својата популарност на Инстаграм во дополнителен извор на приходи. Со стотици илјади следбеници и соработки со модни и козметички брендови, таа за една кампања може да добие меѓу 5.000 и 15.000 евра.

Слична е ситуацијата и со Бресквица, чии хитови доминираат на ТикТок. Нејзиниот младалачки имиџ е вистински мамец за компаниите, па таа за промоции добива исто толку – од 5.000 до 15.000 евра.

Теодора Џехверовиќ, која неодамна купи уште еден луксузен стан во Белград, е меѓу најплатените. Со повеќе од еден милион следбеници, за една објава може да инкасира и до 20.000 евра, а долгорочните договори со брендови и ја носат уште поголема заработка.

Милица Павловиќ, пак, како поп дива ретко прифаќа кампањи, но нејзината цена е далеку повисока: од 8.000 до 25.000 евра по соработка, особено кога станува збор за престижни модни куќи и луксузни брендови.

Миленичката на публиката, Џејла Рамовиќ, иако е најмлада од оваа екипа, не заостанува по заработка. Таа успева да наплати и до 10.000 евра за едно промотивно појавување на Инстаграм.

Овие бројки јасно покажуваат дека успехот на естрадата денес не зависи само од музиката. Комбинацијата на хитови, личен стил и масовно присуство на социјалните мрежи им овозможува на пејачките заработка која често ги надминува хонорарите од настапи.

Слични објави

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.
Се вчитува....