09:40 - 13 ноември, 2026

Лепа Лукиќ напиша тестамент: Еве кој ќе го добие целото нејзино богатство

Легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ неодамна откри дека напишала тестамент, како и дека целото богатство што го стекнала во текот на 50-годишната кариера ќе го остави на една личност.

Сепак, таа личност мора да исполни еден услов.

Станува збор за нејзиниот внук Радисав.

Имено, по смртта на пејачката, Радисав ќе го добие ресторнот кој сега е во сопственост на Лукиќ, а ќе му остави и два стана, куќата и цела заштеда на пејачката. Но под еден услов – да се грижи за мачката Маза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Lukić (@lepa_lukic_official)

– Напишав тестамент во кој изјавив дека мојот внук мора да се грижи за мачката ако заминам пред неа. Радисав треба да се грижи за Маза, да ја пази и да ја мази, а тој ќе наследи се што сум стекнала во текот на мојот живот. Сето тоа го има во документот што го чува мојот адвокат – рече Лепа и додаде дека е многу приврзана за мачката што ја посвоила пред девет години.

-Таа е чудо од мачка, ја гледам како мое дете. Затоа морам да се грижам за неа и да знам дека ќе биде добро кога ќе си одам на другиот свет. Од 2011 година ние две живееме заедно како мајка и ќерка – изјави Лепа за српски „Информер“ и истакна дека со Маза зборува како со човек.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....