14:23 - 12 февруари, 2026

Лепа Брена со солзи за Кемал Монтено и спомен што боли: „Боба и јас не сакавме да спие по хотели…“

На денешен ден, во 2015 година, во Загреб почина легендарниот Кемал Монтено. Во последните денови од животот водеше тешка битка со пневмонија и сепса, компликации што настанале по трансплантација на бубрег.

Фолк-дивата Лепа Брена своевремено, со големи емоции и солзи во очите, се присети на Монтено и на една трогателна анегдота од нивниот дом, која, како што вели, и денес ѝ предизвикува болка.

„Боба и јас не сакавме Кемал да спие по хотели, инсистиравме да престојува кај нас дома. Тој стануваше многу рано. Ние станувавме околу седум-осум за да ги испратиме децата на училиште, а тој и порано од нас. Кафето ми стоеше на најгорната полица. Едно утро станувам и го гледам – седи во дневната соба, пуши и речиси заспал. Му велам: ‘Кемице, каде ти е кафето?’, а тој ми одговори: ‘Па што си го ставила горе? Немам столче да се качам, не можам да го земам кафето…’“, раскажа Брена во емисијата „Конечно петок“ на БХРТ.

Кемал Монтено почина на 21 јануари 2015 година во Загреб, а беше погребан во Сараево, на гробиштата Баре. Неговиот гроб и денес е место на тишина, музика и спомени, обележан со безвременските песни.

Тој остана запаметен не само како врвен пејач и композитор, туку и како човек кој живееше за музиката, љубовта и пријателството, оставајќи неизбришлива трага во срцата на генерации.

Неговата ведрина и хумор го следеа до самиот крај. Еден од последните интервјуа го даде за „Дневни аваз“, седејќи со насмевка, со шолја кафе и цигара во рака. Малкумина би претпоставиле дека само неколку месеци претходно бил на работ меѓу животот и смртта.

„Бев на прегледи и мислам дека во Загреб, веќе следниот месец или можеби наесен, ќе ме стават на листа за трансплантација на бубрег. И ете…“, изјави тогаш Монтено, не знаејќи дека времето нема да му дозволи да ја заврши таа борба.

Слични објави

Шокантна изјава на Весна Змијанац за нападот врз куќата на Чолиќ: „Тоа е класичен рекет“

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ ѝ купи „бесна машина“ на сопругата: Подарокот ја чекаше во дворот, а на хаубата уште едно изненадување

Еспресо

Прво појавување на Даниел Кајмакоски по хоророт што го доживеа од киднапирањето

Еспресо

„Во Америка плаќа за соба од 12 квадратни метри, кога би видела ќе се шокира“: Испливаа нови детали за дечкото на Мина Костиќ

Еспресо

Ретка фотографија стара 20 години: Северина, Розга и Данијела заедно на „Дора“ – момент што не се заборава

Еспресо

Дневен хороскоп за 12 февруари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....