2.8 C
Скопје
03:15 - 8 март, 2026

Лепа Брена пред една година ја скрши ногата во Загреб: Еве колку добила од осигурувањето

Пред една година, на почетокот на третиот од петте настапи во „Арена Загреб“, Лепа Брена ја повреди ногата кога снимателот случајно падна врз на неа. И покрај силната болка, таа го издржа настапот до крај, а веднаш потоа беше префрлена во Клиниката за трауматологија, каде помина една ноќ и беше оперирана.

Организаторите ја пофалија нејзината пожртвуваност, истакнувајќи дека со огромен професионализам успеала да го заврши целиот концерт. Сведоци, меѓу кои и пејачката Сенида, раскажаа дека Брена повеќе се грижела дали е добро снимателот, отколку за сопствената повреда.

Според објаснувања на хрватски ортопед, можно е човек со напукната коска да продолжи да се движи под адреналин, но тоа често води до поголеми последици ако не се побара лекарска помош веднаш.

Осигурувањето ги покрило трошоците

Брена со години плаќа осигурување од несреќни случаи. Како што пишуваат српските медиуми, годишно плаќала околу 1000 евра, а за тешката повреда добила околу 30.000 евра, со што ги подмирила операцијата, лековите и рехабилитацијата.

Опоравување и враќање на сцената

По операцијата, дел од опоравувањето го поминала со семејството во Тајланд и на Малдиви, а во интервју за „Стори Србија“ открила дека по инцидентот не можела да спие и дека долго време ја вознемирувала самата помисла на снимката од падот.

Одложените концерти од декември ги одржала во март оваа година, враќајќи се на сцената во одлична форма. На концертот им се заблагодарила на обожавателите за поддршката и љубовта што ѝ помогнале да ја преброди тешката период.

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....