6.8 C
Скопје
17:15 - 18 декември, 2024

Лепа Брена 17 години се бори со сериозна болест, сомнежот дека ѝ се вратила го загрижи целото семејство

Лепа Брена веќе 17 години се бори со тромбоза, која успешно ја држеше под контрола. Летово таа одржа голем број концерти, а неодамна го промовираше и својот бренд хулахопки.

Но, сега пејачката се сомнева дека болеста се вратила.

Брена е позната како личност која многу внимава на своето здравје и исхрана, и на 61 година има совршено витка линија и младешки изглед. И покрај тоа, таа последниве години се соочува со сериозни здравствени проблеми.

„Боба многу се изнервира кога Брена му кажа дека се сомнева дека тромбозата се вратила. Веднаш го повика докторот што ја оперираше и закажа преглед. На Брена ѝ рече дека не треба да чека ниту ден и дека мора што поскоро да направи преглед бидејќи не може да поденесе да ја изгуби“, вели извор близок до семејството, пренесува од Папарацо.

Познато е дека тромбозата е многу подмолна болест, па затоа треба многу да се внимава.

„Таа е свесна дека тромбозата е сериозна болест и дека досега успевала да ја држи под контрола, но тоа е подмолна болест. Нов тромб може да се формира секој момент и да предизвика хаос. И синот Виктор е многу исплашен за неа“, заклучува изворот.

Лепа Брена во една прилика откри дека има тромбофилија поради која 12 дена лежела неподвижна, и кажа дека подоцна повторно го загрозила своето здравје кога на некој настап  останала без здив бидејќи не пиела доволно вода, па во еден момент забележала дека раката ѝ е помодрена.

Тромбозата ѝ се вратила во 2005 година, а Брена вели дека самата била виновна за тоа и решила да го промени начинот на живот.

„Кренав рачна и целосно го променив начинот на исхрана. Почнав да конзумирам храна богата со омега-3 и омега-6 масни киселини, не јадам свинско и јагнешко месо, сè готвам во вода и на пареа, а лебот целосно го исфрлив. Јадам овошје и зеленчук, а сакам да се напијам чаша или две вино. Целата таа приказна стана многу умерена, не смеам да се прејадам, но не смеам ни да бидам гладна. Сакам да пливам, да пешачам, но и да практикувам јога“, објасни пејачката која од моментот кога ѝ беше поставена дијагнозата сериозно се грижи за своето здравје.

Тромбоза е згрутчување на крвта во шуплините на крвните садови што доведува до нивно затнување. Формацијата или згрутчувањето на крвта што се формира при процесот на тромбоза се вика тромб. Тромбови може да се појават и во артериите и во вените, но најчести се појавуваат во внатрешните вени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....