13:18 - 30 јануари, 2026

Леонардо ди Каприо по разделбата со Камила Мороне има нова девојка: што се знае за Марија Берегова?

Пред неколку дена се дозна за раскинувањето на актерот Леонардо ди Каприо со манекенката Камила Мороне, со која беа заедно четири години.

Според тоа што го пишуват американските медиуми, актерот веќе нашол замена: уште во јули, бил забележан во друштво на украинската блогерка и моделка Марија Берегова – заедно биле фотографирани на неговата јахта во Сен Тропе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Beregova✨ (@maria.beregova)

Но што се знае за Марија?

Има 22 години и неодамна раскинала со арапски бизнисмен кој бил „десна рака“ на Моамер Гадафи. Марија е активистка вклучена во проекти за заштита на океаните, глобалното затоплување, климатските промени и заштита на животната средина.

И мислењата за нејзината националност се поеделени, едни таблоиди пишуваат дека е Украинка, други дека е Русинка, а трети имаат приказна и дека таа е ќерка на извесен украински олигарх кој живее во Швајцарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Beregova✨ (@maria.beregova)

Причините за раскинувањето на Ди Каприо и Камила Мороне не се познати, но на социјалните мрежи веќе се појавија многу мемиња на оваа тема. Така, фановите на глумецот забележаа дека тој никогаш не излегува со девојки кои се постари од 25 години. А,  Камила ова лето наполни 25 години.

СПоред извори блиски до актерот излегоа и информации дека „Лео се плаши да биде во сериозна врска“, или „тој е сигурен дека на 25 години девојките веќе сонуваат за свадба и деца, а 47-годишен ерген не е подготвен за ова“, „сè уште се чувствува како млад човек кој сака журки“, „не сака да има покрај себе жена која ќе го турка во обврски“.

Интересно е што врската на Ди Каприо и Мороне навистина завршила само една недела по нејзиниот 25 роденден.

Слични објави

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova
Се вчитува....