8.8 C
Скопје
01:11 - 20 февруари, 2026

Легендарниот Боно за прв пат проговори за семејната трагедија што ја доживеал на 14 години: „Се трудевме да ја избегнеме болката што ја чувствувавме поради загубата“

Познатиот музичар и фронтмен на групата U2, Боно Вокс проговори за семејната трагедија за која никогаш не сакаше да зборува. Имено, неговата мајка починала кога тој имал само 14 години.

62-годишниот Боно изјави дека тој и неговиот постар брат Норман имаат малку сеќавања на нивната мајка Ајрис и дека се обидувале да ја избегнат болката што ја чувствувале поради загубата. Ајрис починала во септември 1974 година, само неколку дена откако доживеала мозочен удар на погребот на нејзиниот татко.

„Се плашам дека беше полошо од тоа и ретко размислувавме за неа. Бевме тројца Ирци и ја избегнувавме болката што знаевме дека ќе ја чувствуваме ако разговараме и размислуваме за неа“, призна Боно, сеќавајќи се на времето по нејзината смрт во неговите нови мемоари, „Surrender: 40 Songs, One Story“.

Тој откри дека се сеќава на еден тажен настан од погребот на неговиот дедо, кога низ толпата го видел татко си како ја носи мајка му во раце.

„Брзаше да ја однесе во болница. Таа падна покрај гробот додека нејзиниот татко го спуштаа во земјата“, се сеќава музичарот.

Само три дена подоцна тој и Норман биле донесени во болницата да се збогуваат со неа, а нивните животи оттогаш биле проткаени со меланхолија, мистерија и мелодрама.

Боно пред неколку месеци откри дека во некоја француска капела барал прошка од својот покоен татко за начинот на кој се однесувал со него по смртта на неговата мајка.

Во интервју за Desert Island Discs, тој призна дека после тоа конечно му олеснило, зашто се ослободил од вината што го мачела со години.

„Му се извинив на татко ми во една мала капела во Франција откако тој почина. Отидов таму кога немаше никој и запалив свеќа. Се спуштив на колена и реков: „Слушај, извини што не бев тука за тебе. Многу помина, те молам прости ми.“ Имав комплициран однос со Боб. Сигурен сум дека му било тешко да комуницира со мене и се чувствувам како да не му дадов поддршка како што требаше“, откри тој.

Нивната врска станала уште покомплицирана кога пејачот во 2000 година открил дека има полубрат, а мајка му не била свесна за неверството на нејзиниот сопруг.

„Го прашав дали ја сака мајка ми и тој рече „Да“, а јас реков: „Како можеше да се случи ова? Тој рече „Можеше“ и дека се обидува да го поправи тоа, се обидува да ја направи вистинската работа. Не се извинуваше, само велеше дека тоа се фактите“, рече тогаш Боно.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....