6.8 C
Скопје
19:05 - 19 февруари, 2026

Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга го добија второто дете

Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик го добија своето второ дете.

Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга, по синот Лео кој се роди во февруари 2020 година, сега добија ќеркичка.

– Даниела и Квентин се среќни што мпжат да објават дека Даниела на 2 јули 2022 година го роди нивното девојче, помлада сестра на нивното прво дете Лео – пишува во заедничката изјава на парот, пренесува People.

Тарантино и Даниела, која е ќерка на израелската кантавторка Цвика Пик, се запознале во 2009 година додека режисерот бил во Израел каде што го промовирал својот филм „Неславни копилиња“. Се верија во јуни 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес.

Минатата година, во интервју со Џими Кимел, Тарантино објасни зошто на својот син му го дал името Лео. Многумина мислеа дека го добил името по Леонардо Дикаприо, со кого режисерот соработуваше на филмовите Django Unchained и Once Upon a Time in Hollywood.

– За малку немаше да му го дадеме тоа име бидејќи луѓето би претпоставувале дека сум го избрал по Леонардо Дикаприо. Нема ништо лошо во тоа, но тој го доби името по дедото на мојата сопруга, но и затоа што беше нашиот мал лав во нашите срца. Значи тој е лав. Така размислувавме за него – изјави тогаш оскаровецот. Тарантино и неговото семејство моментално живеат во Тел Авив, Израел, а Лео го учат да зборува и англиски и хебрејски.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....