9.8 C
Скопје
01:32 - 29 март, 2025

(Видео) „Крис Рок е опседнат со Џејда Пинкет Смит цели 30 години!“: Шамарот на Оскарите имал долго минато, а новиот стенд ап на Крис тоа го потврди

Комичарот Крис Рок штотуку го објави својот последен стенд-ап специјал на Нетфликс „Selective Outrage“ каде што конечно се осврна на „шамарот на Оскарите“.

Сепак, извор близок до Џејда Пинкет-Смит тврди дека она што тој го кажал во неговиот стед ап не е сосема точно.

Инсајдер зборуваше за магазинот People и се отвори за повеќето теми на кои Рок се осврна.

За почеток, изворот тврди дека Крис Рок обрнал внимание на Пинкет-Смит и тоа „се одвива речиси 30 години“.

Блиската личност на Џејда Пинкет Смит вели дека таа не е вклучена во тековната тензија помеѓу нејзиниот сопруг Вил Смит и Крис Рок.

Изворот продолжи: „Џејда немаше никаков удел во сето ова освен тоа што беше подбуцнувана. Крис е опседнат со неа и тоа трае речиси 30 години“.

Рок го сними специјалното издание во Балтимор, од каде потекнува Џејда.

„Погледнете каде избра да го сними својот специјален стенд ап за Нетфликс. Во нејзиниот роден град [Балтимор]. Опседнат е“, нагласува изворот.

„Назад во 2016 година, таа помогна да се започне движење со доделувањето на Оскарите со тоа што се прашуваше зошто има толку малку црни членови, а Крис како го сфати ова?“ – надополнува изворот.

Имено, Џејда Пинкет-Смит придонесе за „движењето“ #OscarsTooWhite.
Во новата комедија, Рок откри дека Џејда Пинкет-Смит била лута на Академијата што не биле доволно застапени Афроамериканците во изданието на Оскарите во 2016 година, издание на коешто бил претставен и Рок кој истотака придонел за популарноста на ова движење.

„Пред неколку години сопругата на Вил Смит ми рече дека треба да се откажам од Оскарите. Не требало да бидам водител бидејќи нејзиниот сопруг не беше номиниран за филмот „Concussion“ (Потрес на мозок), а неколку години подоцна тој ми зададе потрес на мозокот“, вели Рок во специјалот.

Изворот додаде уште една гледна точка „Таа никогаш не го замолила Крис да не биде водител на Оскарите. Таа јавно во објава на Фејсбук во тоа време рече дека Крис ќе биде одличен водител на Оскарите и дека е совршен за таа работа“.

Во својот специјал, Рок рече дека таа ја започнала борбата и дека тој ќе ја заврши, а при тоа Џејда ја нарече неколкупати „кучка“.

Изворот нагласи дека Џејда и Вил Смит „беа шокирани од тоа колку пати Крис го употребил зборот кучка мислејќи на Џејда“.

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....