03:07 - 11 ноември, 2026

Криглата на Ед Ширан од Октоберфест продадена за скоро 2.000 евра: „Ќе земеме ДНК од остатокот од пивото во криглата и ќе го клонираме“

Криглата од која пиел британскиот музичар Ед Ширан на Октоберфест во Франкфурт е продадена во петокот на eBay за 1.960 евра, објави Каи Ман, еден од организаторите на фестивалот.

Најголемата понуда за култната германска чаша за пиво, позната како „stein“, ја дал советот на франкфуртските карневалски здруженија. Парите ќе бидат искористени за финансирање на изградба на ново училиште во Доминиканската Република.

– Ќе земеме ДНК од остатокот од пивото во криглата и ќе го клонираме, а потоа Ед Ширан може да ни се придружува на Октоберфест секоја година – се пошегува портпаролот на големиот совет Уве Форстман.

Британскиот пејач по концертот со својата придружба отишол на Октоберфест. Ширан таму настапил спонтано на сцената облечен во традиционални панталони „lederhosen“ и го испеал својот голем хит „Perfect“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....