13.8 C
Скопје
15:52 - 24 февруари, 2026

Кралот Чарлс Трети ги чека мемоарите на Хари за да одлучи за титулите на Арчи и Лилибет

Кралот Чарлс Трети ќе го чека објавувањето на мемоарите на принцот Хари пред да донесе конечна одлука за кралските титули за Арчи и Лилибет, пренесува Мирор.

По смртта на Елизабета II, децата на војводите од Сасекс Арчи и Лилибет требаше автоматски да добијат право на титули принц и принцеза, но тоа сè уште не се случило. Кралскиот експерт Кети Никол тврди дека кралот Чарлс Трети ќе се воздржи од донесување каква било одлука за ова прашање додека книгата со мемоарите на принцот Хари не се појави на полиците.

„Сега кога Чарлс е крал, децата на Хари и Меган автоматски стануваат принцот Арчи од Сасекс и принцезата Лилибет од Сасекс, но тие сè уште се наведени на веб-страницата на кралското семејство како г-дин Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор и госпоѓица Лилибет Маунтбатен-Виндзор. Дали Чарлс ќе отиде толку далеку што ќе им забрани на Арчи и Лилибет да станат принц и принцеза сега кога Сасексите веќе не се сегашни членови на кралското семејство?“, тврди Кејти Никол во својата книга.

Војводата од Сасекс потпиша мултимилионски договор за четири книги со Penguin Random House, од кои првата се неговите мемоари, кои требаше да бидат објавени овој месец,  но беа одложени поради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо

Ѓина Џиновиќ ја напушти Србија поради ново момче, еве што сѐ прави во Барселона

Еспресо
Се вчитува....