3.8 C
Скопје
22:19 - 6 март, 2026

Кралот Чарлс додели одликувања за дури 1.107 Британци – најмногу награди добија хуманите луѓе

Кралот Чарлс ги додели традиционалните новогодишни кралски почести и одликувања.

На новогодишната листа се најдоа дури 1.107 Британци. Половина од нив се жени, а најголем процент е награден за добротворна работа, како и за заштита на човековата околина или животните.

Притоа, кралот Чарлс става свој печат на критериумите за награди.

Најпрепознатливо име на овогодинешната листа на почесни Британци е гитаристот на групата „Квин“ Брајан Меј.

Помалку е познато дека Меј е и доктор по астрофизика, но и дека половина век активно се бори за заштита на животните, рече кралот.

Реагирајќи на наградата, Меј рече дека титулата сер ја гледа како „еден вид дозвола да продолжи да работи, но со многу посилен ветер во едрата“.

Таблоидите хумористично реагираа на веста со наслов „Кралот ја направи кралицата витез“.

Од светот на забавата и уметноста, одликување доби комичарот Френк Скинер, кој се уште верува „дека се работи за административна грешка“.

Слични објави

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

E.A.

(Фото) Голема прослава во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: „Твојата насмевка е моја среќа“

Еспресо
Се вчитува....