6.8 C
Скопје
21:07 - 12 март, 2026

Кралицата Маргрета прозборе за скандалот што ја тресе Скандинавија: „Жал ми е, но мојата одлука стои!“

Откако им ги одзеде титулите на четирите внуци, данската кралица Маргрета се извини, но останува на својата одлука, јавува Би-Би-Си. Таа долго размислувала за оваа одлука и смета дека тоа е вистинскиот начин монархијата да биде во чекор со времето и да ја обезбеди иднината на самата институција. Вели дека жали што ја потценила реакцијата на нејзиното семејство.

– Не е забавно да гледаш како некој лошо се однесува со твоите деца. Тие се во ситуација што не ја разбираат – изјави принцот Јоаким, помладиот син на кралицата, за дански „Екстра Бладет“. Неговата сопруга, принцезата Мари, наведува дека нивното најмало дете било злоставувано на училиште поради ненадејната одлука на кралицата и неможноста на детето да се подготви за новите околности.

Одлуката е донесена минатата недела, а ќе стапи на сила следната година. Од јануари 2023 година, четирите деца на Јоаким повеќе нема да бидат принцови и принцези, туку ќе ги носат титулите грофови и грофици. Најстариот внук на кралицата, 27-годишниот Николај, изјави дека семејството е шокирано од одлуката. Неговите родители споделија дека кралицата Маргрета не разговарала со нив откако ја објавила својата одлука.

– Нејзиното височество кралицата сака да создаде подобри услови за нејзините четири внуци и да им даде можност да го обликуваат сопственото постоење, без ограничувањата со кои се соочуваат во кралската куќа – објави палатата минатата недела.

По острите реакции на нејзината одлука, таа се извини што ги потценила реакциите што ги предизвикала.

-Нема сомнеж дека моите синови и нивните сопруги заедно со моите внуци се моја голема среќа и гордост. Се надевам дека како семејство ќе најдеме мир за да ја надминеме оваа ситуација – рече кралицата.

Постариот син на кралицата, престолонаследникот Фредерик, исто така има четири деца на кои нема да им се одземат титулите.

– Промените се тешки и можат да ги повредат луѓето, но тоа не значи дека грешат, изјавила сопругата на Фредерик – принцезата Мери.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....