9.8 C
Скопје
12:22 - 31 март, 2026

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Нов хаос во музичкиот натпревар „Пинкови ѕвезди“ предизвика раперот Драгомир Деспиќ Десингерица, по што водителката Бојана Лазиќ во еден момент демонстративно седна на местото на жирито и одби да продолжи со најавата.

Тензијата во студиото го достигна врвот кога Десингерица не сакаше да им го отстапи зборот на другите, инсистирајќи прв да го коментира настапот на натпреварувачот Милорад Васиќ.

Ситуацијата ескалирала до таа мера што водителката не можела да дојде до збор за да го најави кандидатот. Поради постојаните упади на раперот, видливо изнервирана што не може да ја води емисијата според правилата, Бојана го прекинала текот на програмата.

„Деспиќ нка ја води емисијата“, изјавила таа и демонстративно седнала.

Иако се обидела да му ги објасни правилата, наведувајќи дека „кандидатот се најавува пред коментарите на жирито“, раперот продолжил по свое и му упатил остри критики на натпреварувачот.

„Вокално ми се допадна сè, но твојот настап и изведба се морничави, како да влечеш катетер, нема емоција“, рекол Десингерица.

Во меѓувреме, менторката Зорица и нејзиниот кандидат Милорад седнале на сцената за да одморат додека се договорат кој прв ќе даде коментар.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....