6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

Конечно откри! Саша Ковачевиќ за естетската корекција: Се оперирав по третпат!

Изгледот на пејачот миленикот на жените Саша Ковачевиќ често се коментира во јавноста и на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека тој се подложил на естетски корекции.

Пејачот сега стави крај на шпекулациите и откри која е единствената операција што ја имал и зошто. Станува збор за здравствени причини, а не за убавина, објасни Ковачевиќ, а потоа ги откри деталите.

– По третпат ги оперирав синусите, бидејќи имам проблем со алергии повеќе од 20 години. На секои шест или седум години го решавам проблемот со носните школки, сега да не ве додевам. Тоа беше причината зошто отидов на операција. Го искористив периодот кога немав работа за да си дозволам да бидам отечен и што и да е. Инкау, вежбам со години и се негувам нормално, се трудам да го одржувам лицето чисто и тоа е сè – порачал тој.

Сепак, на социјалните мрежи и понатаму има многумина коишто мислат дека користел филери. Иако нема ништо против тоа, Ковачевиќ тврди дека сè уште не направил ништо на себе.

– Немам предрасуди за естетските корекции, но ништо од тоа не сум направил. Уште има време за ботокс – истакнал Саша со насмевка.

Да потсетиме, Саша неодамна се сврши со својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....