18.8 C
Скопје
06:04 - 25 август, 2026

Жика Јакшиќ си купил гробно место, ќе почива покрај Саша Поповиќ

Водителот Жика Јакшиќ откри дека пред 8 години купил гробно место на гробиштата Новите Бежанија и дека ќе почива покрај Саша Поповиќ, пишува српски „Курир“.

Естрадниот маг Саша Поповиќ почина на 1 март 2025 година во Париз, а беше погребан на Бежанијските гробишта во Белград.

Неговиот долгогодишен пријател и колега Жика Јакшиќ сега откри непознати детали и призна дека Бане Обрадовиќ му го отстапил своето погребно место на Саша Поповиќ.

– Јас го купив своето вечно почивалиште пред седум или осум години. Првично, Бане Обрадовиќ требаше да биде таму, но бидејќи Саша ненадејно замина, тогаш тој му го отстапи нему и така јас и Саша, кога ќе умрам, ќе бидем покрај него и тоа ќе бидат највеселите гробишта на светот. Ние на мир ќе ги правиме и „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“ – рекол Жика со насмевка во емисијата „Глам и драма“.

Инаку, водителот Жика Јакшиќ неодамна доживеа мозочен удар, па проговори за последиците и откри како напредува неговото закрепнување.

Жика Јакшиќ се потсети на денот кога доживеа мозочен удар и откри какви симптоми имал.

– Едно утро станав, се истуширав и не забележав ништо додека не почнав да се бричам. Се чувствував како десната рака да не ми е моја, видов во огледалото дека десната страна од лицето ми падна и не можев да зборувам. Сфатив дека тоа е мозочен удар, излегов од дома и еден вработен ме однесе во КБЦ Бежанијска коса, таму веднаш утврдија дека е мозочен удар и ме префрлија во болницата Свети Сава. Бев опкружен со илјада лекари, имаше многу некои снимања. Дури по 24 часа се освестив и зборував како најпијан човек – рекол Жика, кој поминал една недела во болница, по што започнал со рехабилитација.

– Сè уште зборувам отежнато и чувствувам дека десната страна ми е хендикепирана. Често во разговорот ми недостасува некој збор, едноставно застанувам, во главата ми се случува конфузија – рекол водителот кој двапати неделно оди на логопед.

– Високиот притисок е штетен бидејќи поминува низ вените и артериите, ѕидовите на крвните садови се оптоваруваат – објасни тој за локалните медиуми.

 

 

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ позираше со 19 години помладата сопруга: Таа е ќерка на пребогат Турчин

Еспресо

(Фото) Специјално изненадување од Слаткар за Каролина во Битола: „Златен си!“

Еспресо

(Фото) Некои грешки со задоволство би ги повторил пак: Драган Спасов-Дац откри што би му кажал на младиот Дац

Еспресо

Во спомен на мајка ѝ: „Сакам времето да не го избрише она што го остави зад себе“

Еспресо

Нада Обриќ: Го тешев сопругот кога имаше проблеми со љубовницата

Е.А.

На Десислава Радева очигледно многу ѝ се бендисува стилот на Меланија Трамп, па често се инспирира од модните комбинации на словенечката манекенка

Еспресо
Се вчитува....