6.8 C
Скопје
04:50 - 31 март, 2026

КОНЦЕРТИ НА СИНТЕЗИС И ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: 30 години мултикултура

влатко стефановски

По повод прославата на 30-годишнината од македонската независност вечерва на археолошкиот локалитет Стоби ќе настапи групата Синтезис, а на 6 септември во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин.

– Вечерва концерт ќе одржи Синтезис изведувајќи дела од својот богат музички опус со кој како амбасадори на културата не преставуваат во светот повеќе од 25 години. Во понеделник пак, 6 септември, во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи ексклузивен концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин. Добро познатите композиции на Стефановски, во аранжмани на Емин се гаранција за неповторливо и уникатно искуство. Концертот првично беше најавен да се одржи на тврдината Кале, но, поради променливото време и можните врнежи, концертот сепак ќе се одржи во затворен простор, се вели во соопштението од Баги комуникации.

Инаку, во рамките на прославата на 30 годишнината од македонската независност, Баги Комуникации веќе реализираше два извонредни концерти на оперската дива Весна Гиновска Илкова заедно со Кристина Светиева, Бобан Мирковски и Ерхан Шукри Квартет, во Света Софија во Охрид, како и концертот на Тони Китановски во Куршумли Ан.

Проектот „Музиката зборува на сите јазици – 30 години мултикултура“ е поддржан од Владата на РСМ преку јавниот повик за финансиска поддршка за организација на настани.

Сите одржани концерти ќе бидат емитувани на програмата на Македонската Телевизија, а ќе бидат пренесувани и на интернет, со цел што повеќе граѓани да можат да ги проследат.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....