5.8 C
Скопје
01:39 - 1 април, 2026

Комичарот Бил Мар против Вил Смит и Џејда: „Алопеција е, не е леукемија, не претставува опасност по животот! Стави си е*ена перика ако толку ти е срам“

„Алопеција е, не е леукемија, не претставува опасност по животот. Стави си е*бена перика ако толку ти е срам“, познатиот комичар Бил Мар, застана на страна на колегата Крис Рок.

Не стивнува бурата предизвикана од шамарот што Вил Смит му го упати на Крис Рок на ноќта на Оскарите, по шегата за алопеција на сопругата на Смит, актерката Џејда Пинкет. Последен во низата ѕвезди што повторно ја разгоре контроверзноста е Бил Мар, еден од најпознатите комичари и водители во Америка.

Во текот на новата емисија од неговото шоу „Во реално време со Бил Мар“, водителот се врати на шегата на Рок во врска со војникот Џејн за избричената глава на Џејда Пинкет: „Тоа е алопеција, а не леукемија, во ред? – тој рече – „Алопеција е кога косата ви опаѓа, има многу полоши работи“.

„Ако сте доволно среќни во животот да го имате овој медицински проблем – продолжи Мар – едноставно кажете „Фала му на Бога“. Тоа не претставува опасност по живот. Тоа е дел од животот – за повеќето луѓе, 80% од мажите, 50% од жените – како дел од стареењето. Стареењето – верувајте знам – на сите ни се случува. Па, стави си е*ена перика ако толку ти пречи“.

„Сите во Америка ја поминаа цела недела зборувајќи за оваа шлаканица, така што „држи го името на мојата жена надвор од твојата е*ена уста“ не функционираше баш многу“, на крајот се пошегува водителот мислејќи на реченицата изречена од Смит кога се врати на своето столче по шамарот на Рок.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....