13:02 - 4 април, 2026

Колку „тежи“ новото момче на бремената Жизел Бундех: Кој е Хоаким Валенте и како заработува милиони

Инструкторот по џиу-џицу од Мајами и неговата партнерка- супермоделот Жизел Бундхен, привлекоа внимание во јавноста не само поради нивната врска, туку и поради неговата импресивна кариера во боречките вештини. Како ко-основач на Академијата за џиу-џицу „Браќата Валенте“, Хоаким изгради реномирана кариера што значително придонесува за неговата нето вредност.

Кој е Хоаким Валенте?

Хоаким Валенте е истакнат инструктор за џиу-џицу и ко-основач на академија за боречки вештини во Мајами. Уште од младоста, тој бил воведен во спортот, учејќи од легендарниот велемајстор Хелио Грејси. Покрај џиу-џицу, Хоаким тренира и бокс и џудо. Во 2007 година ја доби својата професорска титула по џиу-џицу, чест што ја постигнале само 27 луѓе за 75 години. Дипломирал и криминологија на Универзитетот Бери.

Кога ја запознал Жизел Бундхен?

Хоаким ја запознал Жизел Бундхен преку нејзиниот син, кој почнал да посетува часови во академијата за џиу-џицу. Првично, Жизел не била заинтересирана за вежбање, но откако разговарала со Хоаким, била привлечена од филозофијата која стои зад спортот. Двојката започна да се забавува во јуни 2023 година, иако Жизел првично ги негираше гласините за романса.

Извор изјави за „Пипл“ „Тие доаѓаат од слично потекло. Двајцата го напуштија Бразил многу млади. Жизел е на одличен терен, а Хоаким е совршен за неа“.

На 28 октомври, извор близок до Жизел потврди дека супермоделот е бремена со своето прво дете со Хоаким. „И двајцата се возбудени поради ова ново поглавје во нивните животи и со нетрпение очекуваат да создадат пријатна и мирна средина за нивното семејство“, вели извор за Пипл.

Жизел е веќе мајка на две деца, Бенџамин и Вивијан, од бракот со легендарниот спортист Том Брејди.

Иако точните бројки може да варираат, нето-вредноста на Хоаким се проценува на околу пет милиони долари. Неговите приходи првенствено доаѓаат од неговата работа како инструктор, а предава на студенти од сите возрасти и на различни нивоа на вештини, нудејќи часови по џиу-џицу, бокс и џудо. Академијата на браќата Валенте е позната по својот инклузивен пристап, обезбедувајќи обука за сите, од деца до постари лица.

Меган Маркл е подготвена да го шутне „очајниот“ принц Хари, дали е ова крајот на бајката?

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....