9.8 C
Скопје
21:01 - 19 февруари, 2026

Колку пари одбија Шакира и Дуа Липа, а колку заработи Морган Фримен (и другите) од настапот на Мундијалот

Не беше лесно да се најдат пејачи за Светското првенство во 2022 година во Катар. Многу познати уметници одбија како протест против земјата, која долго време беше обвинувана дека не ги почитува човековите права, особено правата на жените. Ѕвездите од калибарот на Шакира, Дуа Липа, Род Стјуарт (британскиот кантавтор наводно се откажа од хонорарот од милион долари) и Џеј Балвин рекоа „не“ на понудата за нивен настап во Катар.

Според гласините, Шакира и Дуа Липа одбиле хонорар од околку половина милион долари.

Наместо нив, Малума се согласи да настапи на церемонијата на отворањето на фудбалското првенство, кое се случи вчера, на 20 ноември. Според гласините, Малума, познатиот пријател на Џенифер Лопез,  за неговото учество инкасирар 300 илјади долари.

Во текот на целиот период на Светското првенство – што ќе заврши на 18 декември – ќе има и јавни настани, платени од Владата на Катар и од приватни фондации. Така, покрај Малума, во Катар се очекуваат настапите на Џејсон Деруло, Блек Ајд Пис и Калвин Харис. Нивните хонорари? Англискиот диџеј ќе добие 290 илјади долари, 300 илјади за Деруло, 450 илјади за групата предводена од Will.i.am. Роби Вилијамс пак, ќе заработи 300 илјади долари.

Според гласините, светски познатиот актер Морган Фримен, кој настапи на отворањето со неверојатна изведба, бил исто така „солено“ платен, по сума од 800.000 долари.

Овој избор ги подели фановите на секој уметник: од една страна има онакви кои рекоа дека се разочарани од оваа одлука (да настапат во Катар), додека други добро ја знаат економската можност, па ги оправдаа нивните настапи.

 

Слични објави

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо
Се вчитува....