9.8 C
Скопје
09:03 - 5 ноември, 2024

Колегата на Лејла Кашиќ за Рамбо Амадеус: „Најмалку што треба да направи е да ѝ се извини, однесувањето му беше непристојно!“

Лејла Кашиќ го обвини Рамбо Амадеус за сексуално вознемирување на крајот на снимањето на емисија на 10 март во Херцег Нови.

Авторот и уредникот на емисијата „Дневница“, Владан Оташевиќ, за време на која се случил инцидентот за кој музичарот Рамбо Амадеус е обвинет за сексуално вознемирување, соопшти дека однесувањето на Антоније Пушиќ (Рамбо Амадеус) на крајот на снимањето „не беше пристојно ни достојно за еден амбасадор на добра волја на Уницеф“ и дека пред него стоел потполно друг човек во однос на оној кој цел ден бил сниман.

Според новинарката Лејла, односно жената која се смета за сексуално напствувана од Рамбо Амдеус, докази за тоа има во материјалот од снимањето на емисијата.

Оташевиќ пак, додаде дека однесувањето на музичарот кон водителката и продуцентка на „Дневница“ „не може со ништо да се оправда“.

– Музичкиот уметник Антоније Пушиќ, познат како Рамбо Амадеус, учествуваше во емисија за да допринесе да се собере помош за самохрана мајка и нејзиниот син кој е со нарушено здравје и живеат во услови на апсолутна сиромаштија. Во тоа го поддржаа бројни граѓани на Херцег Нови, вработените во Водовод и канализација, закупувачите на тезги на пазарот, Туристичкаа агенција на градот, како и упте десетина субјекти. Денот на снимањето помина многу убаво со почитување на барањата кои господинот Пушиќ ги постави кон продукцијата, наведе Оташевиќ објаснувајќи дека граѓаните во текот на снимањето уживале во друштво на музичарот и дека имало огромен интерес за донации.

Инцидентот имено се случил при крајот на денот и на снимањето.

– Тогаш се расипа комплетниот впечаток, но со ништо тоа не влијаеше на емсијата зашто снимањето беше завршено. Однесувањето на Рамбо во тие моменти не беше пристојно и достојно на еден амбасадор на добра волја на Уницеф. Пред нас беше сосема друга личност од она која во текот на денот учествуваше на снимањето на хуманитарна емисија. Неговата постапка кон нашата водителка и продуцентка Лејла Кашиќ не може со ништо да се опрвада – рече Оташевиќ и истакна дека најмалку што Рамбо може да направи е да ѝ се извини на Лејла.

Потсетуваме, Кашиќ објави дека инцидентот со музичарот се случил во петокот, за време на снимањето на емисијата и дека Пушиќ непримерно ја допрел.

Екипата за тоа – како што кажа Лејла – дознала дури откако светлаката на камерите се згаснале, иако во сировиот материјал има и видео запис во кој Пушиќ ја нарекува „глупача“.

Наместо извинување, од Пушиќ добила низа навреди дека е глупача и лудача…

Нешто подоцна добила и порака во која музичарот ѝ !објаснува“ дека се погрешно сфатила и лошо го протолкувала неговиот впечаток дека „можеме да бидеме добри другари“, пренесува Вијести.

Слични објави

Хороскоп за 5 ноември: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо

Хана Хуљиќ ја напушти болницата: Сè се одвивало во тајност, мајката и бебето се чувствуваат одлично

Еспресо

Луѓето бесни на Сека Алексиќ зошто имала настап по трагедијата во Нови Сад, пејачката веднаш се огласи: „Никој не знае да прегрне кога боли“

Еспресо

(Видео) Најслатко нешто: Марија Шерифовиќ објави видео со синот, малиот Марио не се дели од мајка си

Еспресо
Се вчитува....