13.8 C
Скопје
11:10 - 16 октомври, 2026

„Кој сега ќе ме побара…“ Синот на Халид Бешлиќ со емотивна порака ги расплака следбениците

Синот на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, Дино Бешлиќ, објави емотивна порака на социјалните мрежи која трогна многумина.

По повод својот роденден, Дино сподели заедничка фотографија од своите родители и откри колку му недостигаат по нивната смрт.

„Мамо и тато, денес е мој многу тажен ден, а треба да биде најсреќен. Денес е мојот роденден и прв на кој вас двајца ве нема за да ми се јавите и да ми кажете: ‘Сине, среќен роденден, што да ти купиме’, иако одамна сум стар мрчатор. Многу ми недостигате и ништо повеќе нема да биде исто без вас. Го молам драгиот Алах да ви подари убав џенет. Вашиот син Дино“, напиша тој.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Објавата предизвика бројни реакции, а пријатели, роднини и следбеници му испратија честитки за роденденот, но и зборови на утеха за големата загуба што ја доживува.

Да потсетиме, семејството Бешлиќ минува низ тежок период по смртта на Халид и неговата сопруга Сејда Бешлиќ. Тие повеќе од четири децении беа во брак и важeа за еден од најскладните и најстабилни парови на јавната сцена во регионот.

Нивната љубовна приказна често беше посочувана како пример за посветеност и заемна поддршка, па веста за нивното заминување длабоко ги потресе семејството, пријателите и бројните обожаватели на познатиот пејач.

Слични објави

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.

Калиопи за синот Пако: Ја сака Македонија и сака кога му зборувам на македонски

Еспресо

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо
Се вчитува....