7.8 C
Скопје
21:26 - 31 март, 2026

Кој ќе ја води кампањата на Трамп за враќање во Белата куќа – Иванка Трамп се повлекува

Иванка Трамп одлучи да се повлече од американската политика и активно да не се приклучува кон обидите на нејзиниот татко да ја врати Белата куќа во 2024 година.

„Решив да им дадам приоритет на моите мали деца и приватниот живот што го создаваме како семејство“, рече Иванка.

Во вторникот Доналд Трамп ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година.

Неговото семејство, вклучително и неговата сопруга Меланија и синот Ерик, беа присутни во неговиот замок Мар-а-Лаго на Флорида. Присутен беше дури и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, но Иванка не беше.

„Многу го сакам татко ми. Сепак, овој пат го избирам семејството. Не планирам да се занимавам со политика. Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена. Благодарна сум што ја имав честа да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам горда на многуте достигнувања на нашата администрација“, рече Иванка.

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг играа клучни улоги во администрацијата на Трамп и беа на удар на јавноста поради многу од нивните ексцеси, делумно поради нивниот претходен живот како дел од елитната социјална сцена на Менхетен, која во голема мера е демократска.

Откако Доналд Трамп загуби од Џо Бајден во 2020 година, Иванка Трамп и нејзиното семејство се преселиле во скапа палата на Флорид,пренесе Телеграф.рс.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....