09:48 - 6 април, 2026

Кој е синот на Халид Бешлиќ? 

По смртта на музичкиот великан Халид Бешлиќ, многумина се прашуваат кој е неговиот наследник, која е личноста што беше покрај него во најтешките моменти и која сега го носи товарот на загубата – неговиот син Дино Бешлиќ, пишува Story.hr.

Иако роден во семејство на познат пејач, Дино никогаш не го сакал медиумското внимание. Тој пораснал тивко, далеку од рефлекторите и јавните појавувања, за разлика од неговиот татко, чии песни одекнуваат низ целиот регион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Hronika BiH (@crnahronikabih)

Дино е единственото дете на Халид и неговата сопруга Сејда. Семејството отсекогаш ја чувало својата приватност, па затоа за него се познати само неколку основни работи: завршил училиште во Сараево, студирал, а подоцна се вклучил во деловни проекти, претежно поврзани со семејниот бизнис и недвижностите.

Дино Бешлиќ доживеал сообраќајна несреќа во мај 2017 година во Сараево. Несреќата се случила на раскрсница кога друг возач му го пресекол патот.

Во судирот учествувале два автомобила, а повредени се три лица, вклучувајќи го и Дино. За среќа, сите повреди биле од полесна природа.

Дино е долго време во брак со убавата Махира, со која во 2014 година добил близнаци.

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....