-1.2 C
Скопје
06:38 - 11 март, 2026

Кои се разликите помеѓу уредите за загревање на тутунот и електронските цигари?

Во последно време се повеќе се зборува за помалку штетните алтернативи на цигарите, но она што се чини дека недостасува е детално објасување кои се разликите помеѓу овие уреди.

Иако научно докажаните алтернативи се секогаш подобар избор отколку да продолжите да пушите цигари, постојат разлики меѓу нив кои се значајни и корисни да се знаат.

Најголемата дилема ја создава неразликувањето на електронските цигари од уредите кои го загреваат тутунот. Иако двата уреда се електронски и претставуваат алтернатива без чад за возрасните пушачи, сепак има неколку клучни разлики за кои треба да бидете свесни при изборот.

Што се е-цигари или електронски цигари?

Електронските цигари се еден вид алтернатива на пушењето. Достапни се во различни големини и се прилагодливи според потребите на корисниците. Тие можат да бидат за еднократна или за повеќекратна употреба. Работат на принцип на загревање на течност, која е достапна во разни вкусови, со или без никотин, а при употреба создава аеросол, односно пареа.

Што се уреди за загревање на тутунот?

Како што сугерира името, уредите што го загреваат тутунот функционираат на принцип на загревање, а не на согорување на вистинскиот тутун, со што се елиминираат до 95 проценти од штетните материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Општо познато е дека чадот од тутунот содржи повеќе од шест илјади штетни материи, од кои околу 100 се класифицирани како канцерогени. Покрај тоа, елиминацијата на согорувањето целосно го елиминира формирањето на катран – супстанца која е еден од најштетните продукти на согорувањето. Со користење на овие уреди, тутунот се загрева до контролирана температура, при што се ослободува вистинскиот вкус на тутунот и никотинот, но без согорување, пепел и чад.

Заеднички карактеристики

Главната карактеристика што ги одликува овие два вида алтернативи без чад е тоа што ниту една од нив не произведува пепел и чад, но и фактот дека и двете алтернативи се подобри опции за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да користат цигари. Сепак, треба да се има предвид дека ниту еден тутунски или никотински производ не е без ризик.

Комерцијален текст.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....