21:32 - 24 февруари, 2026

Кога љубовта е посилна од кралската круна – норвешката принцеза се откажа од службените должности

„Одлучив дека повеќе нема да извршувам службени должности за кралското семејство“, објави принцезата Марта Луиз, ќерката на норвешкиот крал Харалд.

Таа во соопштението објавено од палатата, додава дека одлуката е донесена во координација со нејзините родители „да се создаде мир околу кралско семејство“.

Принцезата верена за Дурек Верет самопрогласениот шаман и поборничка на контроверзните алтернативните терапија, всушност се откажа од своите службени должности за подобро да ги раздвои своите лични активности од должноста на принцеза, објави норвешката кралска куќа.

„Принцезата и нејзиниот вереник Дурек Верет сакаат појасна разлика меѓу своите сопствени активности и кралската куќа. Тоа значи дека повеќе нема да ја користи титулата принцеза и дека нема да ги споменува членовите на кралското семејство на своите социјалните мрежи, во медиумските продукции или во рамките на другите комерцијални активност“, се додава со напомена дека Марта Луис ќе ја „задржи титулата“ принцеза.

51-годишната принцеза, која е четврта во редот за норвешкиот трон, се вери во јуни со Дурек Верет, Американец кој на својата веб-страница се опишува себеси како шаман и исцелител.

Нејзиниот помлад брат, престолонаследникот Хакон (49) е наследник на тронот.

Слични објави

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо
Се вчитува....