15:09 - 6 април, 2026

Кога ќе станете мајка можете да направите сè – Ријана е подготвена за нови предизвици

Деветкратната добитничка на „Греми“ Ријана се враќа со долгоочекуваниот настап во живо на „Супербоул 57“ в недела на 12 февруари.

Ријана изјави дека е инспирирана да го прифати предизвикот откако го роди своето прво дете во мај.

„Кога ќе станете мајка, нешто едноставно се случува и чувствувате дека можете да го преземете светот, можете да направите сè,“ им рече таа на новинарите во Феникс во четвртокот.

Пејачката родена во Барбадос нема издадено соло албум од јануари 2016 година, а фановите едвај ќе дочекаат да ја видат 34-годишната суперѕвезда кога ќе излезе на сцената пред милионската публика на стадионот „Стејтфарм’, каде „Филаделфија иглс“ ќе ги одмери силите со „Канзас Сити шефс“.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....