7.8 C
Скопје
21:10 - 31 март, 2026

Ким Кардашијан ги разочара фановите: „Сè е на продажба, вклучително и образот“

Ким Кардашијан повторно соработува со познатиот бренд Баленсијага.

Најпознатата ријалити ѕвезда е новиот – стар амбасадор на оваа модна куќа.

„Оваа историска модна куќа ја опфаќа модерноста, изработката и иновативниот пристап кон дизајнот“, рече Ким.

Сепак, нејзиниот потег налути многу критичари.

Имено, Ким во ноември 2022 година ја осуди споменатата модна куќа по контроверзна реклама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Децата тогаш биле искористени за рекламни цели, а за потребите на кампањата во рацете држеле плишани мечиња, додека на масата имало детали кои многумина ги поврзувале со содржина тесно поврзана со порнографија.

Во таа прилика Ким истакна дека е разочарана.

„Како мајка на четири деца, потресена сум од вознемирувачките фотографии. Безбедноста на децата мора да се почитува и секој обид за нормализирање на злоупотребата на деца од кој било вид не треба да има место во нашето општество“, рече тогаш Ким, истакнувајќи дека ќе ја преиспита нејзината идна врска со брендот.

И изгледа дека таа се преиспитала, а фановите возвратија.

„Се е на продажба, вклучително и образот“, се дел од коментарите.

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....