00:55 - 7 февруари, 2026

Ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ зборувала за нивната интимност: Мајка ми и татко ми не спијат заедно долго време

Веста дека Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат по 22 години љубов, го шокираше регионот.

Харис и Мелина во бракот добија две деца, ќерката Џина и синот Кан, а нивната наследничка е многу популарна на социјалните мрежи.

Џина во една прилика, пред три години, раскажала дека нејзините родители не спијат во исти соби, што тогаш предизвикало бура на социјалните мрежи.

„Во живо зборува за тоа како Харис и Мелина спијат во посебни соби. Не разбирам како може да споделува толкава интимност во јавноста“, гласи еден од коментарите на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Да потсетиме, љубовната приказна меѓу Харис и Мелина започна во 2002 година, кога дизајнерката беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореа, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.

Инаку, во 2021 година тие официјално се вселија во луксузна вила во белгадската населба Сењак, која Харис ја градеше за себе и за своето семејство од 2017 година.

Во овој проект пејачот инвестираше, како што се пишуваше, околу 2 милиони евра, а работите траеле многу долго, бидејќи тој постојано ги менувал плановите, па и веќе изградените ѕидови се уривае, за сè да се вклопи во неговата визија за идеален дом, за што пејачот и јавно зборуваше.

За содржините што ги нуди овој приватен дом на многумина им се врти во глава на самата помисла што сè поседува. Во долното ниво на куќата се наоѓа огромен базен, во чија близина е сместена винарска визба богата со вина од различни делови на светот. Во посебен дел од куќата, со озвучување какво што заслужува пејач со таков глас, има музичко студио.

Станува збор за куќа од 2 милиони евра на Сењак која ќе ѝ припадне на Мелина Џиновиќ, пишува српски „Блиц“.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Анабела Атијас оперирана: Нина се огласи од болничкиот кревет, со лицето во завои

Еспресо

(Фото) Поранешната снаа на Кеба замина од Србија: Софија ужива на оваа далечна дестинација

Еспресо

Уапсен третиот осомничен за фрлената бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Еспресо

Милица Тодоровиќ се огласи од породилиштето: Го изгубив млекото поради стрес, само едно ве молам

Еспресо

(Фото) Цеца не штедела за стајлингот на Јахорина – само за штиклите дала 900 евра!

Еспресо

Ѓоле Ѓогани за Драгана Мирковиќ: „Таа е во ист ранг со Мајкл Џексон и Бијонсе“

Еспресо
Се вчитува....