7.8 C
Скопје
23:35 - 30 март, 2026

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Пејачката Зорица Брунцлик неодамна беше оперирана, по што беше пуштена од болница на домашно лекување. Нејзиниот сопруг, хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, ја заменува во жирито на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Пинк“, каде откри како се чувствува пејачката по операцијата.

Кемиш откри како се чувствува Зорица Брунцлик и рече дека ги гледа на телевизорот.

– Добро вечер, Бојана. Еве ме мене повторно покрај вас. Фантастично сум. Зорица е добро – рече Кемиш, а потоа испрати емотивни зборови до сопругата: „Те сакаме! Таа нè следи на стриминг платформата и следи сè!“, рече Кемиш по најавата на Бојана Лазиќ.

Инаку, блиската пријателка и колешка на Зорица, Лепа Лукиќ, неодамна зборуваше за деталите од разговорот со колешката.

– Се слушнав со неа, не ѝ даваа посети. Не може да ја посетувате, но се слушнавме. Таа ми се јави лично кога излезе од шок-собата, рече дека се чувствува добро и дека ѝ е извршена операција – истакна Лепа Лукиќ.

Лепа додаде дека има намера да ја посети Зорица во нејзиниот дом, а потоа откри повеќе детали за медиумите:

– Таа сакаше да дојдам кај неа дома кога ќе излезе од болница. Веднаш в четврток, петок, ќе бидам кај неа – рече Лепа за порталот „Србија шоубиз“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....