14.8 C
Скопје
17:29 - 11 март, 2026

Кејт Мидлтон има строго правило за воспитување на децата: Дома речиси шепотат, забрането е покачување на тонот, а при кавга се применува метод „отстранување“

Има многу родители како принцезата Кејт кои се многу строги со своите деца. Кејт има многу специфични правила на кои непоколебливо се држи.

Во нивното семејно домаќинство, дури ни принцот Вилијам не смее да го подигне тонот на својот глас. Децата се охрабруваат секогаш да користат тивок тон, без оглед на ситуацијата, ова е правило кое го воведе принцезата од Велс.

Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се подложени под овие правила откако се родени. Накусо, дома речиси шепотат кога зборуваат.

Зборувајќи за „Сан“, инсајдер на кралското семејство ја откри оваа информација објаснувајќи дека во домот на Кејт и Вилијам викањето е апсолутно недозволиво! Ниту едно од децата не смее да го покачи тонот на зборување, и ако тоа го направи, ќе биде отстрането од просторијата во која моментно.

Но, што значи „отстранување“ за вака привилегираните деца? Според инсајдерот, и принцезата Кејт и принцот Вилијам имаат уникатен начин да се справат со овие прашања кога децата ќе влезат во меѓусебна кавга.

Наместо да бидат однесени во нивната соба или во „ќошот за непослушни“ како што прават повеќето родители на британските деца кога тие се однесуваат лошо, Кејт решила да заземе поинаков пристап. Имено, г отстрануваат децата од местото каде што се случила кавгата и почнуваат опуштено да разговараат. Или Кејт или Вилијам го прават тоа, како цивилизирани возрасни луѓе.

Кога почнуваат да разговараат со своите деца после кавга, добиваат објаснување за последиците со кои се соочуваат, но никогаш не им викаат зошто тоа го направиле.

Родителските техники на принцезата Кејт и принцот Вилијам се познати уште од детството на принцот Џорџ. За некои, тие се сметаат за премногу строги за мали деца, но многумина исто така веруваат дека ова е совршен начин за воспитување на детето.

Од многу рана возраст, принцот Вилијам и принцезата Кејт се спуштаат на нивното ниво со тоа што клекнуваат на колена и разговараат со нив сериозно.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....