6.8 C
Скопје
08:14 - 31 март, 2026

Кејт Мидлтон го темпира датумот за враќање во јавност: „Мора да се подготви за средба со новинарите“

Кејт Мидлтон „дава се од себе“ за да се врати на кралските обврски по Велигден, велат добро информирани извори од кралската палата.

Ингрид Севард, главна уредничка на списанието Мажети изрази загриженост дека принцезата од Велс не е видена во јавноста по нејзината операција на абдоменот во јануари, пишува Индипендент.

Таа изјавила за Мирор: „Принцезата очигледно дава се од себе зад кулисите за да се одржи во форма и да биде здрава и подготвена да се соочи со публицитетот што ќе го придружи нејзиното враќање на јавните ангажмани по Велигден“.

Бекингемската палата е замолена за коментар, но официјално огласување и понааму нема.

Коментар е побаран и по изјавата на Меган Маркл која проговори против токсичноста на социјалните мрежи и воопшто медиумите, откривајќи дека се соочила со злоставување на социјалните мрежи додека била бремена.

Во меѓувреме, се поголем број фанови на принцезата и воопшто граѓани на Велика Британија, се загрижени за нејзиното здравје особено што не е излезена во јавност ниедна нејзина фотографија по операцијата.

Слични објави

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....